Насловна / Архитектура / Парк – остров од печуркасти бетонски форми

Парк – остров од печуркасти бетонски форми

Паркот на Thomas Heatherwick од истоименото британско биро, „Pier 55” кој е планирано да се наоѓа во Њујорк на реката Хадсон, преименуван е во „Little Island”. Објавени се визуелни и видеозаписи во кои детално е прикажан проектот на изградба. Ќе опфаќа вкупно 132 бетонски столба со печуркаста форма, кои ќе се наоѓаат над водата и ќе формираат парк.

Screenshot_11
Деталите врзани за проектот ги објавила Diller-von Furstenberg Family Foundation која и го финансира. Barry Diller од Фондацијата вели дека е многу радосен поради проектот, бидејќи њујорчаните и посетителите ќе имаат можност да переминат мост, „го остават“ забрзаниот град позади себе и се одморат.

3
На снимката се гледа поставување на огромни бетонски „саксии“ со помош на дигалки. Овие „саксии“ потсетуваат на лалиња и се со различна висина (од 4.5 до 18.9 метри). Столбовите кои претставуваат „стебла“ потопени се во реката, додека горниот дел или „цветот“ се наоѓа над реката како би се овозможиле различни погледи на градот.

Во паркот ќе се организираат општествени случувања, различни претстави, содржини со уметнички и образовен карактер.
Британското биро соработувало со Signe Nielsen од Mathews Nielsen Landscape Architects на проектирање на зелените површини на простор со големина скоро еден хектар кој вклучува тревници, патеки и брденца. Во план е да бидат засадени 100 видови дрвја и грмушки.

Screenshot_10
Проектот „Little Island” наишол на низа препреки откако е прв пат претставен во ноември 2014. година. Меѓутоа, сега работите се во тек и завршувањето се очекува во 2021. година.

1
Проектот, кој е наменет да го замени старото пристаниште, добил дозвола во 2016. година, но наишол на низа судски предизвици и дозволата е издадена наредната година, што ги зголемило трошоците од 35 на 250 милиони долари.

Screenshot_9

Тврдењата биле дека конструкцијата е неприкладна за предложеното место, бидејќи се наоѓа во зона на заштитено устие.
После решавањето на сите несогласувања, реализацијата на проектот сега е во тек и паркот ќе се придружи на бројните потфати на Heatherwick, осмислени за подрачјето покрај реката Хадсон и подигнатиот парк „High Line”. Станбените кули „Lantern House” во моментов се градисамо неколку блокови подалеку, додека „Vessel” е отворен на почетокот на годинава во рамки на „Hudson Yards”.

Screenshot_2

Screenshot_1 Screenshot_3 Screenshot_5 Screenshot_6 Screenshot_7 Screenshot_8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top