Насловна / Вести / Паметните очила ќе бидат попопуларни од лаптопите и од паметните телефони

Паметните очила ќе бидат попопуларни од лаптопите и од паметните телефони

Според претпоставките на главните производители на технолошка опрема, очилата за аугментирана стварност може во наредните 10 години да ја достигнат популарноста на паметните телефони и лаптопи.

Извршниот директор на компанијата Atheer, Алберто Торес, производител на 3D интерактивни очила, вели за Sky News дека популарноста на оваа технологија ќе расте и ќе биде најзабележителна кај работниците на терен, како медицински работници или инженерите.

„Верувам дека, долгорочно, паметните очила ќе станат примарна форма на компјутеризам. Тоа е нов бран на компјутерска технологија“, вели Торес.alberto-torres

Аугментираната стварност им дозволува на корисниците навистина да го гледаат окружувањето, но со сликите што се користат како упатства или инструкции за извршување на некоја задача.

Microsoft, минатата година, изјави дека аугментираната стварност им помага на студентите по медицина при проучувањето на анатомијата по пат на холограмски слоеви на човековото тело.

Аугментираната стварност се користи за видеоигри, тренирање воени медицинари и за оживување на музејски експонати.

Тим Кук, извршниот директор на Apple, вели дека смета оти аугментираната стварност наскоро по популарност ќе ја надмине виртуелната стварност.

Паметните очила се на почеток од својот развој. Скапи се и недостапни за секого.

Испрати коментар

Scroll To Top