Насловна / Вести / Општина Штип објави нов оглас за продажба на градежно земјиште

Општина Штип објави нов оглас за продажба на градежно земјиште

Денес во дневниот печат e објавен нов оглас за продажба на градежно земјиште како и на веб страницата на Општина Штип. На оглас за продажба се 21 парцели од кои седум за индивидуални куќи, две за индустриски објекти, две за деловни, потоа девет парцели за станбени згради од кои седум се во населба Сењак и по една во населба Баби и Пребег и една локација за бензинска пумпа.shtip1

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 25.10.2016 година а јавното наддавање ќе се оддржи електронски на 27.10.2016 година од 8 до 13 часот.

Инаку пред околу еден месец Штип спроведе продажба на градежно земјиште на која беа понудени околу 50 локации при што над 40 беа продадени. Од продажбата беше остварен приход од 50 милиона денари од кои 20% се за државната каса а 80% за локалната самоуправа.

Испрати коментар

Scroll To Top