Насловна / Вести / Паметни семафори за пешаците во Виена

Паметни семафори за пешаците во Виена

Во Виена, во рамките на движењето „Паметен град“, поставени се паметни семафори. По двогодишно тестирање, овој септември конечно во функција. Тој семафор работи врз база на софтвер кој ја препознава намерата на пешакот да ја премине улицата, и тоа дури на 8 метри оддалеченост. Соодветно на правецот во кој пешакот има намера да се движи, семафорот вклучува зелено светло. Податоците собрани од минувачите, с еобработуваат на лице место, за потребите на уредот и веднаш се бришат. Целта на овој семафор е намалување на гужвите во сообраќајот и надминување на проблемите со предолгото чекање. Се планира новиот систем да се користи и за вмрежување на сите семафори во градот, со што подобро би се регулирал сообраќајот. Информациите за состојбата во сообраќајот би се праќале на телефоните и на навигациските системи во автомобилите.

trlight1

trlight2

trlight3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top