Насловна / Вести / Озонската дупка се намалува

Озонската дупка се намалува

Пронајдени се првите јасни докази дека озонската дупка над Антарктик почнала да зацелува, тврдат научниците.

Неодамна, BBC News објави дека научниците велат дека во септември 2015 година озонската дупка била за околу четири милиони квадратни километри помала отколку во 2000 година. Оваа појава се припишува на долгорочното постепено намалување на користењето хемикалии кои го уништуваат озонот.ozonska dupka se namaluva

Британските научници први, кон половината на 80-тите години од минатиот век, забележаа дека озонската обвивка околу планетата започнала да се тенчи за околу 10 километри над Антарктик.

Озонот е важен бидејќи го блокира штетното ултравиолетово зрачење од Сонцето, а неговиот недостиг ја зголемува опасноста од појавата на рак на кожата, оштетување на катарактот и воопшто штети на животинскиот и растителниот свет на Земјата.

Причината поради којашто обвивката од озон почнала да се тенчи токму над Антарктик се тамошните екстремно ниски температури на воздухот и големото количество светлина.

Во 1986 година беше утврдено дека озонот го уништуваат молекулите од фреон (CFS) кој се среќава во различни производи, од лакот за коса, преку ладилниците до системите за ладење.

Благодарејќи на протоколот од Монтреал, до 1987 година, за забрана на фреонот, ситуацијата постепено се поправа. Сега првпат се забележува дека озонската обвивка повторно почнала да се зголемува.

„Не очекуваме целосно зацелување до периодот меѓу 2050 и 2060 година, но гледаме дека озонската дупка повеќе не е така драматична каква што беше“, се наведува во извештајот на научниците што работеле на проектот.

Испрати коментар

Scroll To Top