Насловна / Вести / Озеленување на површините во Трговскиот центар во Кочани

Озеленување на површините во Трговскиот центар во Кочани

Осумдесет садници од видот туја вчера се засадени на парцелите во Трговскиот центар во Кочани. На работниците од Паркови и зеленило што ги извршуваа хортикултурните активности им се придружија градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, директорот на КЈП „Водовод“ Андреј Киров и претседателот на Ротари-клубот Кочани-Виница Венцо Лазаров, кои симболично засадија неколку садници.

PIC_1535_resize

– Новата зелена маса е донација од Ротари клубот Кочани-Виница, со која го поздравуваме гестот на градоначалникот за реконструкцијата на Трговскиот центар и благодариме за соработката што ја имаме со Општината за што повеќе дрвја во нашата околина. Нашата првична идеја беше оваа акција за озеленување на Трговскиот центар да ја реализираме заедно со сите ротаријанци од Кочани и Виница, но поради актуелната состојба со коронавирусот, ги почитуваме мерките за заштита – изјави Венко Лазаров, претседател на Ротари клубот Кочани-Виница.

PIC_1553_resize

Реконструкцијата на Трговскиот центар е на самиот крај. Претстои вградувањето на подните ЛЕД-светилки и рефлектори и поставувањето на комуналната и на урбаната опрема.

Со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар е опфатена површина од 2 800 метри квадратни. На местото на отстранетите бетонски плочки се поставија гранитни, нелизгави плочки. Трговскиот центар, како една од најпрометните пешачки зони во Кочани доби поголема слобода во просторот и нов урбан амбиент.

PIC_1579_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top