Насловна / Архитектура / Ја чистела гаражата и го фрлила проектот за кулите близначки во Њујорк

Ја чистела гаражата и го фрлила проектот за кулите близначки во Њујорк

Иако се срушени пред речиси 20 години, кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, кои се проектирани од јапонско-американскиот архитект Minoru Yamasaki и понатаму се длабоко врежани во меморијата на пошироката јавност. Благодарение на својата импозантна висина и позиција, беа икони на Њујорк и симбол на силата на САД.

Minoru Yamasaki, US architect

Minoru Yamasaki

Кулите близначки повторно станаа предмет на внимание, благодарение на необичен прнаоѓање на оригиналниот проект, кој во последниот половина век често менувал сопственици.

Откако во 1973. година се завршени двете кули, цртежите паднале во рацете на на Жосеф Соломон, бившиот помлад партнер во Emery Roth & Sons, њујоршка архитектонска фирма која во проектот му била партнер на Yamasaki. Потоа Соломон проектот го пренел во Денвер, кога тамо основал сопствено архитектонско биро. Кога починал во 2017. година, неговата ќерка ја чистела гаражата, а помеѓу хартите биле, иако тоа не го знаела, и драгоцените цртежи.

2_resize

Џејк Хас, жител на Денвер, ги нашол цртежите пред куќата на Соломон и, утврдувајќи ја нивната вредност ги продал на локален сопственик на заложна куќа, Анџело Аргел, кој потоа ги продал на Џејмс Куминс, трговец со ретки книги од Менхетн -  со што цртежите се вратиле во својот град.

„Прелистувајќи го овој проект, навистина имате чувство колку оваа работа била голема“, изјавил Куминс за Wall Street Journal. Се верува дека овој проект е единствен комплетен кој постои.

3_resize

Четврт милион

Продавачот на ретки книги го дал проектот на аукција за време на Њујоршкиот меѓународен саем на антиквитети, кој е одржан минатата недела. Според извештајот на Channel 9, проектот за WTC е продаден за неверојатни 250.000 долари.

Иако победникот на аукцијата не е обелоденет, Хас изразил желба дека би било најдобро проектот да биде изложен во локалниот музеј како би можеле сите да се потсетат на кулите – некогашните икони на Њујорк.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top