Насловна / Вести / Осум барови кои секој архитект треба да ги посети

Осум барови кои секој архитект треба да ги посети

Денес баровите не служат само за забава и дружење. Денес во популарните градски барови може да се најде голема инспирација за уредување на ентериери.
Кога зборуваме за светски познати барови со долга (архитектонска и угостителска) традиција, постојат осум барови кои архитектите кој држат до себе не смеат да ги заобиколат, треба да ги посетат, барем според мислењето на ArchDaily.

1. The American Bar во Виена

Еден од најпознатите барови во Австрија го проектирал прочуениот архитекта Adolf Loos по тригодишниот престој во САД. Оваа година барот го прославил својот 110 роденден, што значи дека неговиот ентериер останал недопрен повеќе од еден век. Со овој проект Loos сакал на Европејците да им претстави американски концепт на коктел бар за висок општествен слој. Ентериерот е со месинг, кожа и мермер, додека ѕидовите во потполност се обложени со огледала.

виена

Живописен ентериер на американскиот бар во Виена

2. Hofbrauhaus во Минхен

Минхен, светската престолнина на пивото, својата прва пивница ја добил во 1589 година. Hofbrauhaus сосема заслужено, денес се смета за една од најголемите туристички атракции, бидејќи овде можете да пиете некое прочуено пиво и добро да се најадете. Внатрешноста на пивницата решена е во класичен европски стил, добро познат на Европејците, но за остатокот на популацијата претставува автентично уживање.

минхен

Не сте биле во Минхен ако не сте се напиле пиво во Hofbrauhaus

3. Atrium Champagne Bar во Лондон

Прочуеното архитектонско биро Foster + Partners стои позади оваа фасцинантна пирамида која се протега низ девет ката на лондонскиот МЕ Hotel. Овде се работи за вистински луксуз. На кровот на овој бар сместен е триаголен светларник кој пропушта природна светлина и со тоа ја нагласува висината на просторот. Наместо уметнички дела на ѕидовите се менуваат проекции на медузи кои полека пливаат преку ѕидовите кон плафонот. Бирото го дизајнирало и комплетниот мебел, вклучувајќи го и закривениот кауч долг 30 метри.

фостер

Високи ѕидови за висока класа во Лондон

4. Yakitori Barby во Токио

Познато е дека прославениот јапонски архитект Kengo Kuma во своето портфолио крие крајно необични проекти. Барот уреден според негова замисла се простира на преку 300 метри квадратни, а објектот во потполност е направен од рециклирани материјали, вклучувајќи ги и мрежните кабли. Малку е да се каже дека неговиот ентериер делува потполно уникатно, бидејќи столиците и масите буквално се топат.

токио

Необичен ентериер на Kengo Kuma

5. Bar Luce во Милано

Доколку помислите дека овој симпатичен бар потсетува на елементи од филмовите на Wes Anderson, знајте дека тоа не е случајно. Во него се сместени некои од реквизитите од остварувањата на Anderson, дури и флипер машината во чест на филмот The Life Aquatic with Steve Zissou. Барот се наоѓа во рамки на фондацијата Prada. Познатиот режисер во тек на својата кариера направил неколку кратки филмови за оваа куќа. Барот, сосема очекувано е многу популарен на Instagram.

милано

Бар со флиперот на Anderson

6. Karlovy Lazne во Прага

Во прашање е еден од најпознатите ноќни клубови во Прага кој се простира на пет ката, а секој однив е во различен стил. Самата зграда датира од 14 век и служела како јавно купатило. Некои од оригиналните елементи се сочувани, но ја промениле намената. Дното на некои големи кади денес служи како подиум за игра, а интересно е дека на многу места оригиналните плочки на ѕидовите останале недопрени.

праг

Диско клуб во зграда од 14 век

7. The Magazine во Лондон

Еден од ретките кафе барови кои ги проектирала Zaha Hadid всушност е додаток на Serpentine Slacker галеријата за која ова биро го работело ентериерот. Најинтересен дел на проектот претставува неговиот улубен кров кој стои на три скулптурални столба, додека масите во ресторанскиот дел се нараедени околу нив. Оваа просторија е опкружена со стаклени ѕидови со прекрасен поглед на градината.

заха

Потполно во стил на Zaha Hadid

8. The Ozone Bar во Хонг Конг

Барот се наоѓа на 118 кат на ICC кулата во рамки на Ritz-Carlton хотелот. Се работи за бар сместен на најголема надморска висина во свет и од неговата тераса се пружа фантастичен поглед на цел Хонг Конг и околината. Помеѓу останатите елементи на ентериерот се истакнува мермерниот бар и геометриските шари на подот кои се протегаат до плафонот. Како и триаголната стаклена ниша во аголот со поглед на градот . Овој бар е мошне популарна локација за венчавки на богати.

хонкконг

На 118 кат во Хонг Конг

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top