Насловна / Вести / Франција го забрани пушењето на околу 50 плажи

Франција го забрани пушењето на околу 50 плажи

Франција оваа година го забрани пушењето на околу 50 плажи долж Медитеранот и Атлантикот.  Целта е да се има почиста животна средина ослободена од догорчиња од цигари и намалување на изложеноста на чад од цигари.

Здружението Лига против ракот, пред неколку години, има почнато кампања насловена како „простор без чад“ во која од локалните власти во земјата имаат добиено 218 места на отворено, како што се паркови и плажи, а каде што пушењето е забрането. Оваа иницијатива досега ја имаат прифатено вкупно 29 градови.

nica_resize

Лигата се залага за простор на отворено во кој нема да има чад од цигари, тврдејќи дека во Франција околу 78 илјади луѓе умираат како последица на тутунот.

Ница е првиот град кој воведе забрана за пушење на плажа во 2012 година, а сега постојат четири такви плажи во тој град.

Соседниот град Kanj-Sir-Mer има десет плажи без тутун, но оваа година воведе забрана за користење на електронски цигари и наргиле на плажа.

Францускиот остров Корзика има 20 плажи за непушачи, а во Атлантикот, градот Sen-Malo воведе забрана за три плажи.

Помалите градови во Бретања и Нормандија, исто така, експериментираат со плажи без пушење.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top