Насловна / Вести / Општините во Словенија добиваат по 200.000 евра по инсталиран MW во ветерни електрани на својата територија

Општините во Словенија добиваат по 200.000 евра по инсталиран MW во ветерни електрани на својата територија

Централната власт во Словенија, ќе им доделува на локалните самоуправи по 200.000 евра за секој MW инсталиран капацитет во ветерни електрани, чија изградба ќе ја одобрат на нивната територија. Станува збор за еднократен надоместок, чија цел е да ги поттикне општините да ја поддржат инсталацијата на овој вид постројки. На крајот на 2019 година, земјата ги покрена процедурите за изградба на своите први ветерни паркови и досега има одобрено три со вкупен капацитет од 46 MW, но реализацијата се одвива бавно.

slovenia1

Министерството за животна средина, клима и енергија, отвори јавна расправа за нацртот на уредбата за еднократниот надомест за општините за поттикнување на изградбата на ветерните електрани. Уредбата е изработена врз основа на Законот за воведување на уреди за производство на електрична енергија од обновливи извори, соопштува Министерството. Надоместоците ќе бидат доделувани за проекти чија моќност е еднаква или поголема од 1MW.  Претходно објектот мора да биде изграден и приклучен на електроенергетската мрежа. Од друга страна пак, Општината мора да го користи добиениот надомест за инвестиции и мерки за подобрување на условите и квалитетот на живот на локалното население во делот кој се однесува на влијанието на изградените евтерни паркови. Јавната расправа ќе трае до 23-ти декември.

slovenia2

Инаку, уредба со слична цел е подготвена и на почетокот на минатата година. Тогаш Министерството за инфраструктура подготви уредба за надомест за користење на земјиштето каде се инсталираат ветерни паркови. Надоместокот е должен да го плаќа производителот на електрична енергија од ветерен парк, кон општината на чија територија се наоѓа, без оглед на другите давачки кои е должен да ги плаќа. Целта на овој пропис, како што тогаш било кажано е да се зголеми општествената прифатливост на ветерните паркови.

Испрати коментар

Scroll To Top