Насловна / Арт и дизајн / Општина Центар ќе помогне киното во „Железничката зграда“ да стане простор за културни активности

Општина Центар ќе помогне киното во „Железничката зграда“ да стане простор за културни активности

После неколку годишна работа, започнувајќи уште од 2015 година, заокружен е еден значаен процес и соработка помеѓу Општина Центар, Заедницата на станари во Железничка зграда и Факултетот за работи што не се учат (ФР~У).
Во рамките на проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“, Општина Центар во соработка со Заедницата на станари-сопственици на Железничка зграда на ул. „Борка Талевски“ бр.26 и ФР~У го става во функција некогашното кино кое се наоѓа во зградата.
Вчера во Општина Центар трите страни потпишаа договор со кој се регулирани обврските и активностите до и по конечно ставање на просторот во функција.

жж1
„Железничката зграда“ на архитектот Михаил Дворников, изградена 1946 година е редок градски пример кој во својата содржина има просторија која првенствено била наменета за жителите на зградата, а подоцна и за јавноста.Целта на овој договор е негување на културата и враќање на нејзината улога во колективното живеење. Општина Центар се обврзува да започне обезбедување донации за целосна реконструкција на изгледот на објектот, уредување на просторот и негово целосно оспособување за непречено функционирање, а исто така, ќе даде и поддршка и препораки за користење на овој јавен простор.

жж2
Киното кое функционирало до 70-те години, претставува квалитетен архитектонски јавен простор со површина од околу 150 квадратни метри и висина од околу 7 м. Архитектонските карактеристики на киното овозможуваат овој простор да служи за повеќенаменски културни активности кои би требало, пред сè, да бидат во функција на локалната заедница.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top