Насловна / Вести / Стоп за Турски тек

Стоп за Турски тек

Денес рускиот министер за енергетика Александр Новак изјави дека се суспендирани сите преговори за гасоводот Турски тек.

Новак им изјави на новинарите дека Москва ги суспендирала сите подготвителни работи на проектот на гасоводот кон Турција.

turkishstream

„Во моментов работата на Турски тек е стопирана“, изјави Новак. Тој додаде и дека и понатаму се отворени преговорите за изградба на нуклеарната централа во Турција.

Новак истакна дека не гледа потреба Русија да го намалува производството на нафта и дека не очекува дека земјите извознички на нафта во рамките на ОПЕК ќе ги менуваат своите производствени квоти на претстојната средба.

Претходно шефот на Газпром Алексеј Милер изјави дека Турција може директно од Русија да бара преговори во врска со Турски тек, ако тој проект е приоритет за Анкара.

„Турција мора, прво и основно, да ја контактира Русија ако е заинтересирана за проектот. Во овој момент, Турција ни нема пријдено со такво барање“, кажа Милер.

Испрати коментар

Scroll To Top