Насловна / Вести / OMV ја отвори наjголемата постројка во Австрија за зелен водород

OMV ја отвори наjголемата постројка во Австрија за зелен водород

Компанијата OMV, ја пушти во погон својата постројка за зелен водород во близина на Виена. Може да произведе 1.500 тони годишно. OMV за прв пат произведува зелен водород на комерцијално ниво. Оваа компанија со седиште во Виена, која експлоатира нафта и гас, ја отвори новата постројка од 10MW, во склоп на својата рафинерија во Schwechat. Инвестицијата изнесува 25 милиони евра. Зелениот водород ќе биде користен за производство на одржливо гориво и хемикалии, како на пример одржливо гориво за авијација (SAF) и обновлив дизел (HVO).

Новиот електролизер со полимерска односно протонска електролитска мембрана (PEM), во целост се напојува со електрична енергија од обновливи извори. Ова овозможува редукција во емисиите на јаглерод диоксид од 15.000 тони годишно. Компанијата има намера најдоцна до 2050 година да ги сведе своите нето емисии на нула. Својата трансформација ја базира на проекти кои вклучуваат и геотермална енергија и рециклирање на хемикалии.

 

Испрати коментар

Scroll To Top