Насловна / Дневни Вести / Универзитетски клинички центар во Штип

Универзитетски клинички центар во Штип

univerzitet-goce-delcev_thumb.jpgСкопје – Министерството за транспорт и врски и
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска потпишаа договор за долготраен
закуп на градежно земјиште во општина Штип на кое ќе биде изграден нов објект
на Медицинскиот факултет.

Договорот го потпишаа министерот
Миле Јанакиески и ректорот на Штипскиот универзитет Саша Митрев во просториите
на Министерството за транспорт и врски.
 

Изградбата на Универзитетски
клинички центар е предвидена со Детален урбанистички план донесен од општина
Штип.

– Со изградбата на новиот
Универзитетски клинички центар во Штип се очекува значително подобрување на
условите за реализација на програмите од високото образование во областа на
медицината и ќе се овозможи изведување на практична настава во нови во
современи и стандардизирани услови што воедно ќе придонесе и кон поквалитетно
остручување на идните медицински кадри, се наведува во соопштението од Министерството
за транспорт и врски.
(МИА)

univerzitet-goce-delcev.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top