Насловна / Градежништво / Објект за денивелација на водата

Објект за денивелација на водата

denivelacija_thumb.jpgРегулациониот објект на
истекот на реката Црн
Дрим од Охридското Езеро
е изграден во текот на 1961 г. и
служел да го спречи истекувањето
на водата од езерото за време на
изградбата на кејските ѕидови
од регулираното корито на
реката Црн Дрим низ градот
Струга. После тоа требало да
биде отстранет, а регулацијата на
истекот на водата од Охридското
Езеро да се направи со постојан
регулационен објект, лоциран
сса 800 м низводно од истекот,
при што Охридското Езеро
да биде спуштено за да може
да се изедначи со нивото на
водата во реката Црн Дрим.

Спуштањето на езерото, како што
било предвидено со првобитната
концепција, би предизвикало
исушување на крајбрежјето, а со
тоа нарушување на еколошката
рамнотежа на целиот екосистем,
па поради тоа се одложило
неговото спроведување. Тоа
налагало времениот регулационен
објект лоциран на истекот на
Охридското Езеро и понатаму
да остане како неопходен заради
одржување на денивелацијата
на водата помеѓу Охридското
Езеро и реката Црн Дрим.

Мост за премин на луѓе

Времениот регулационен објект
претставува дрвена конструкција
составена од 8 носиви рамки
составени од 3 меѓусебно
вкрутени колови, кои се наоѓаат
на распон од 4 м. Над нив е
конструиран мост за премин
на луѓе и потпирање на талпи
за регулирање на истекот на
водата од Охридското Езеро.
Целата конструкција е поставена
на насип од камен со завршна
обработка од реден камен, врз
кој се наоѓа дрвен под за да се
спречи однесувањето на каменот.
Регулацијата на истекот на
водата се правела со поставување
и вадење на дрвени талпи од
низводната страна. Талпите
се обработени на перо и жлеб
заради подобро запечатување
меѓу себе. Ваквиот начин на
регулација на истекот на вода
од езерото останал и до денес, а
управувањето со истекот на водата
од Охридското Езеро е вршено
и го врши ХЕЦ „Глобочица“.
Објектот првобитно требало да
служи, до изградбата на коритото
на реката Црн Дрим и постојниот
регулационен објект сса 800 м
низводно, па поради тоа бил
направен од дрвен материјал и
бил третиран како времен. Но,
тој како таков останал до денес,
па поради тоа во минатото
на неколкупати бил целосно
реконструиран и тоа во 1974,
1996 и последно во 2010 година.
Со претходните реконструкции
конструктивниот систем и
материјалот е останат ист, додека
со реконструкцијата во 2010
година е сменет и материјалот за
дел од конструктивните елементи.

Материјал на кој не влијае
промената на средината

denivelacija_2.jpgЗа време на целиот период
од постоењето, секојдневно е
визуелно контролиран и редовно
одржуван, а на неколкупати е
интервенирано со замена на дел од
дотраените елементи (под, ограда).
Со редовните визуелни прегледи
и контроли на објектот во
последните години е констатирано
дека постојат оштетувања на
конструктивните елементи, како
што се дрвените столбови од
дрвените рамки. Тоа особено во
деловите (дрвени столбови од
рамките) каде поради отворање
и затворање на истекот доаѓа до
промена на нивото на водата, а со
тоа наизменично изложување на
суво и вода. Ова предизивика
значителни оштетувања на истите
и доведување во прашање на
стабилноста на конструкцијата.
Поради тоа се наметнуваше
потреба за нова реконструкција.
Ваквите оштетувања на дрвените
колови биле причина и за
претходните реконструкции и
тоа се решавало со набивање на
нови колови. Бидејќи ваквиот
тип на оштетување се повторувал во целиот изминат период и
бил причина за сите претходни
реконструкции, сега е пристапено
и кон решавање на проблемот со
ваквото оштетување на деловите
од конструкцијата (рамки) што се
постојано изложувани на промена
на средината (вода, суво). Ова
е направено со избор на друг
материјал (бетон) на кој нема да
влијае промената на средината.
Првобитно е размислувано за
набивање на готови армирано
бетонски колови, излиени во
фабрика, а набиени на местото на
старите дрвени колци. Меѓутоа,
по проучувањето на претходната
документација, се избра друго
решение кое предвидува
бетонски платна врз темелна
греда поставена врз претходно
поставените дрвени колци. На
армирано бетонските платна
е поставена дрвена мостовска
конструкција за премин на
пешаци и потпирање на талпите
за регулација на истекот на
водата од Охридското Езеро.
Проектот за реконструкција на
регулациониот објект е комплетно
направен од градежната
служба при ХЕЦ „Глобочица“
од Струга, а ревидиран од
Градежниот факултет од Скопје.

Платна од бетон помеѓу
старите дрвени рамки

По добивањето на градежна
дозвола за реконструкција и
објавувањето на јавен тендер за
изведувач на реконструкцијата,
е избрана фирмата „Марковски
К-73“ од Струга со подизведувачот
„МН-АС“ од Струга. Со
неа е потпишан Договор за
реализација и е започнато со
подготовки за самата реализација
на реконструкцијата.
Старата конструкција од
регулациониот објект е користена
како заштита од водата, додека
се изведуваа новите елементи
од конструкцијата помеѓу
старите дрвени рамки. Најпрво
се изработени четири платна
на левата страна, а потоа е
пристапено кон изработка
на четири платна од десната
страна. Користен е готов бетон
изработен во фабрика при што
е постигната марка на бетон МБ
35, докажана со лабораториски
испитувања. При бетонирањето
е користен и Суперфлуид-Т
(суперпластификатор) производ
на АДИНГ од Скопје.
Старата конструкција
од регулациониот објект е
отстранета откако се изведени
сите армирано бетонски
платна. Над новоизведените
платна е поставена новата
мостовска конструкција,
која заради амбиентален
изглед е останата дрвена.
Реконструкцијата е изведена во
текот на месец ноември 2010
година, за 20 работни денови
колку што беше предвидедно
со понудата од изведувачот.
За цело време е обезбедуван
доволен истек на вода за работа
од ХЕЦ „Глобочица“. Со оваа
реконструкција се покажа
дека со добра подготовка и
проучени подлоги е можно
на брз и ефикасен начин да се
изведе една ваква сложена и
рационална реконструкција.

м-р Славко Милевски,
дипл. град.инж.

 

denivelacija.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top