Насловна / Архитектура / Одбрани текстури на материјали и дезени

Одбрани текстури на материјали и дезени

Вилата на “Свети Леон”, се наоѓа во предградието Bantry Bay, каде што живеат побогатите слоеви на граѓани од Кејп Таун, во Јужна Африка. Од овој дел на градот се пружа извонреден поглед кон карпестиот морски брег. Елегантниот ентериер на оваа куќа се состои од смеса на вкусно одбрани текстури на материјали и дезени. Оваа куќа е заеднички проект на архитектонското биро SAOTA (Stefan Antoni Olmesdahl Truen Architects) и Antoni Associates. Проектот е завршен во 2006 година.

odbrani-teksturi-5

Објектот е проектиран за семејство кое сака простор за опуштени и интимни семејни средби, но и за поголеми средби на семејството со своите роднини и пријатели. Локацијата овозможува неповторливи погледи кон планините наречени “12 Апостоли”, плажата Клитон и островот Робен. Теренот е во пад и објектот со својот заден дел е приближно 50% навлезен во косината на теренот. Горните нивоа на куќата, кои се направени со големи стаклени површини, завртени кон југозапад, лебдат преку сутеренот и ја зголемуваат, визуелно, висината на објектот.

odbrani-teksturi-4

Вилата е организирана на еден, би рекле, линеарен начин на проектирање, со сите простории насочени со поглед кон морето. Задниот дел од куќата нуди приватност, без многу отвори и погледи, освен стаклениот волумен, кој го оформува влезниот простор. Овој простор е заштитен за погледите од улицата и соседството со челични врамени лајсни. Двојниот волумен на влезниот простор води кон главното крило на куќата во која се одвиваат секојдневните активности, а во него се вклучени два салони, трпезаријата и кујната. Скулптурално поставените скали водат од влезот кон вториот кат, каде што се наоѓаат спалните соби. Во приземјето, од ниво на улицата од задната страна на објектот, се пристапува преку истиот скалишен простор. Овде се наоѓа базен свртен кон морето, простор за забава во кој е поставен бар изработен од оникс, како и винарска визба.

odbrani-teksturi-1

Просторијата за вежбање со гимнастички справи, како и втората гостинска соба, исто така, се сместени на ова ниво. Професионалците од бирото Antoni Associates беа повикани да го изработат проектот за ентериерот на овој објект. Влезот во дневната соба се сведе на неутрална палета со суптилна игра на текстури и избрани материјали и ткаенини.

Меко обработени кожи во крем боја и дрвени обработки се завршници на овој едноставен, но луксузен ентериер. Целото чувство кое го предизвикува ентериерот, е топлина и покана да дојдете и повторно да го посетите овој дом.

Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top