Насловна / Арт и дизајн / Одбележан јубилејот 70 години Музеј на град Скопје

Одбележан јубилејот 70 години Музеј на град Скопје

Седумдесет години од постоењето (1949 – 2019) и педест години од користење на музејскиот објект Железничка станица (1970-2020) е јубилејот што вчера беше одбележан во Музејот на град Скопје.

Одбележувањето почна со промоција на монографија „70 години Музеј на град Скопје“.

4H5A9751

Потоа на самиот влез од Музејот на предната страна на фасадата преку светлосно визуелни ефекти (3Д мапинг), се промовираше настанот „70 години  Музеј на град Скопје“.

Исто така, во првата изложбена сала преку видео проекција беа претставени активности и настани од основањето на музејот до денес. Видео презентацијата преку фотографии во проекција од 360 *, за прв пат изработена на нашите простори во 3Д мапинг технологија, ќе ја опфати музејската и галеријската работа во изминатите седумдесет години поделена на декади. Во секоја декада, почнувајќи од основањето до денес, се презентира Музејот и неговата досегашна работа.

4H5A9889

Во втората сала поставена е изложба на која ќе биде претставен дел од најзначајните експонати од збирките на Музејот, уметнички дела и преглед на најзначајните настани (изложби, археолошки ископувања и истражувања, промоции и презентации…) и избор од најзначајните публикации во седумдесетте години од постоењето на Музејот на град Скопје.

Изложбата и аудио-визуелната презентацијата беа отворени со обраќање на градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и директорот на Музејот на град Скопје Славко Лисичков.

4H5A9937

4H5A9822

4H5A9829

4H5A9872 (1)

4H5A9893

4H5A9846 (1)

4H5A9860

4H5A9854

Фото: Киро ПОПОВ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top