На 19 декември 2025 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) свечено го одбележа Денот на Комората. Во преполната сала на Комората, професионалната заедница се собра да ги прослави достигнувањата на инженерската фела и да им оддаде признание на колегите кои оставија силен печат во годината што изминува.
Настанот беше можност да се потврди улогата на Комората како институција која веќе низа години успешно го обединува целиот индивидуален инженерски капацитет во државата.

Пред присутните се обрати Заменик министерката за транспорт, г-ѓа Калтрина Зеколи Шаќири, која го поздрави собирот во име на Министерството како клучен партнер во креирањето политики за современо и безбедно градење. Претседателот на Комората, г-н Дејан Метикош, во своето обраќање истакна дека членовите со своето знаење и посветеност постојано придонесуваат за растот и развојот на професијата.
Централен дел на настанот беше доделувањето на именуваните награди, кои Комората ги доделува како јавна афирмација на трајните вредности во архитектурата и инженерството. Годинава, покрај четирите традиционални награди, за првпат беше доделена и петта награда наменета за одделенијата со помал број членови.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ ЗА 2025 ГОДИНА
- Награда за Архитектура „Проф. Борис Чипан“: Бојан Тасев и Никола Томевски; „Аттика архитекти“
- Награда за Градежништво „Проф. д-р Александар – Цане Ангелов“:Филип Наневски
- Награда за Електротехника „Проф. д-р Станимир Јовановски“: Томислав Петковски
- Награда за Машинство „Проф. д-р Илија Черепналковски“: Владимир Бошњаковски

Оваа година се воведе и наградата именувана по „Проф. д-р Миле Димитровски“,поранешен претседател на Комората (2017–2021). Целта на ова признание е да даде дополнителен поттик за видливост на професионалниот придонес на одделенијата со помал број членови.
Прв добитник на оваа награда е Ванчо Ангелов од Одделението за геотехника.
Повеќе за настанот можете да видите тука.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија