Насловна / Вести / Од вкупниот број македонски домаќинства 62 отсто користат дрва за греење

Од вкупниот број македонски домаќинства 62 отсто користат дрва за греење

Најголем број, дури 62 отсто од вкупниот број македонски домаќинства користат дрва за греење, 29 отсто користат електрична енергија, а само поразителни осум отсто се приклучени на централно парно греење, покажуваат податоците од публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“.

Според анализата, грејната сезона најчесто трае шест месеци, од кои во три е неопходно поинтензивно греење, додека во останатите најчесто се сведува на делумно загревање на просториите.

Врз основа на добиените податоци, најевтино достапно греење е со огревно дрво, а доколку доволно би се развил гасоводниот систем во земјава, кој во моментов е достапен само за домаќинствата во Куманово и Струмица, а во останатите делови од земјава се уште нема соодветна гасоводна мрежа, би се зголемила потрошувачката на природен гас, првенство би имало греењето на гас.

8_resize

Греење на дрва

Просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 кубни метри огревно дрво за загревање или најчесто околу шест кубни метри. Доколку се подели вкупната дрвна маса што се сече на годишно ниво со бројот на кубните метри неопходни за греење се добива дека повеќе од 130 000 домаќинства се греат на огревно дрво.

Според одлуката на Владата, цената на огревно дрво треба да биде 2 270  денари со ДДВ за кубен метар буково и 2 470 денари за дабово дрво, а дополнително се плаќа за товарот и транспортот. Или, со сите давачки изнесува 2 670 за буково и 2 870 за дабово огревно дрво.

Цената во ЈП „Национални шуми“, согласно нивниот повик не смее да биде повисока од 2 900 за буково и 3 000 денари за дабово дрво. Но сепак, просечната, пак, малопродажна цена за  кубен метар буково огревно дрво во приватните складишта се движи од 3 300 до 3 800 денари, а кај дабовото дрво е поскапа за 200 до 300 денари по кубен метар. Тоа покажува дека за греење со огревно дрво просечно македонско домаќинство одвојува од 18 до 22 илјади денари годишно.

2_resize

Греење на електрична енергија

Особено тешко е да се процени колку домаќинства се греат на електрична енергија, бидејќи никој нема обврска да најави со што ќе се грее. Нема податок ни колку станови се греат на електрична енергија и во згради каде централно греење е достапно.

Пресметките покажуваат дека за греење на електрична енергија просечно македонско домаќинство треба да одвои и до 30 000 денари во нормално студена година, а доколку температурите се пониски сумата значително се зголемува.

Цената на електричната енергија за еднотарифните мерила изнесува 4,77 денари за потрошен киловат час, а експертите велат дека се доаѓа до заклучокот дека дневно за греење ќе се потрошат во просек по околу 25 киловат часови или околу 120 денари. Кога на нив ќе се додадат и 18 отсто за ДДВ се добива дека дневно ќе се трошат по 140 денари за загревање или 4 200 денари месечно, односно околу 25 200 годишно.

Цената би била помала доколку се грее со инвертер , но ваквиот вид на греење експертите не го препорачуваат како главно, туку само како помошно, бидејќи при екстремно ниски температури под – 15 степени Целзиусови инвертерот најчесто не може да работи или не може доволно да загрее.

Пресметката, според калкулаторот на Регулаторна комисија за енергетика, покажува дека просечната сметка за греење на стан со парно од 60 квадратни метри изнесува околу 2 000 денари месечно доколку сметката се плаќа на 12 еднакви рати или 4 000 денари ако се плаќа на шест рати. Произлегува дека годишно за греење на стан од 60 квадратни метри се неопходни околу 24 000 денари.

5_resize

Печка на пелети

Печката на пелети троши од 10 до 15 килограми пелетни дневно, а цената на пелетите во зависност од квалитетот и тежината во малопродажните објекти се движи од 12 до 16 денари за килограм, односно од 180 денари до 260 денари за 15 килограми. Тон пелети на интернет може да се најде за цена од 12 930 до 14 600 денари.

Од тоа произлегува дека месечните трошоци изнесуваат над 5 000 денари или околу 30 000 денари на годишно ниво за загревање нап овршина од 60 квадратни метри.

3_resize

Топловодно централно греење

Во земјава во моментов централно греење има само во Скопје иако мрежа има и во Битола, но поради нерентабилноста веќе неколку години воопшто не се користи. Цената на топловодното греење и годинава ќе биде иста со ланската.

Пресметката, според калкулаторот на РКЕ, покажува дека просечната сметка за греење на стан од 60 квадратни метри изнесува околу 2 000 денари месечно доколку сметката се плаќа на 12 еднакви рати или 4 000 денари ако се плаќа на шест рати. Произлегува дека годишно за греење на стан од 60 квадратни метри се неопходни околу 24 000 денари. Предноста на овој вид затоплување во однос на другите е што се грее цела станбена површина.

Податоците на БЕГ покажуваат дека 36 отсто од потрошувачите во главниот град или преку 55. 000 се греат на централно греење. Од останатите 64 отсто нешто помалку од половината се греат на дрва и фосилни горива, а другите на електрична енергија.

1_resize

Според експертите, согорувањето со подобра контрола какво што имаат печките на пелети овозможува помала емисија на пепел и на ПМ честичките, но не може да ги елиминира сите отровни и штетни материи кои ги содржи дрвото да се емитираат во воздухот, бидејќи составот на она што се согороува како огревно дрво и на пелетите е потполно ист.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top