Насловна / Вести / Од утре бесплатен јавен превоз за пензионерите

Од утре бесплатен јавен превоз за пензионерите

Од утре, 28 мај, повторно бесплатното користење на јавниот превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење заштитна опрема во согласност со уредбите за заштита од Ковид-19.

Бесплатниот автобуски превоз за пензионерите беше укинат на 11 март како дел од мерките на Владата со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот.

јсп_resize

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов минатата недела прашан зошто се дозволува во јавниот превоз граѓаните да се возат без маски и без да почитува дистанца изјави: „Не можеме на секој човек да му залепиме човек кој ќе го потсетува да се придржува кон основната култура кога епидемијата е во прашање. Ние имаме пропишан пропис кој бара во јавниот живот и во јавниот превоз да се носи лична заштитна опрема. За жал дисторзијата на системот почна да се случува од моментот кога министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кажа дека нема да ги казнува граѓаните што не носат маска и тоа остави впечаток кај граѓаните дека нема потреба да се носи заштита оти пандемијата помина“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top