Насловна / Архитектура / Облакодерите во Америка се виновни за страдање на милиони птици годишно

Облакодерите во Америка се виновни за страдање на милиони птици годишно

Неодамна спроведената студија открила дека јаки светла и големи стаклени површини, какви што можат да се видат на облакодерите во Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, предизвикуваат умирање на милиони птици преселници годишно. Студиите спроведени од страна на Корнеловата лабораторија за орнитологија рангирале 125 американски градови според опасноста која нивните облакодери ја претставуваат за птиците. Со оглед на фактот дека Чикаго е една од најтранзитните миграциони станици, преселувањето низ овој град воедно претставува и најголема опасност за птиците, пишува Dezeen.
Птиците најчесто имаат проблем со стаклените фасади, па при сударот со прозорите според студијата Smithsonian годишно страдаат помеѓу 100 милиона и милијарда птици во САД.

птиц1
Според друго истражување, спроведено на универзитетот во Мичиген, птиците преселници се под најголем ризик, бидејќи ги привлекуваат вештачките светла на градбите со кои се судираат за време на летањето ноќе. Исто така, птиците пеачки, дезорјентирани од вештачката светлина за време на ноќното летање праќаат повик за лет на околните птици, а на тој начин всушност ги праќаат во смрт.

Препораки за bird-friendly изградба
Некои од градовите веќе започнале многубројни иницијативи со цел да се спасат птиците преселници. Голем дел од иницијативите вклучува изработка на водичи за изградба на новите објекти и адаптација на постоечките за што помалку да сметаат на летањето на птиците низ градовите. Особено се истакнува дека објектите кои имаат 2 – 3 квадратни метри непрекинати стаклени површини на фасадите претставуваат сериозен ризик за птиците. Поради тоа се препорачува фасадите барем да бидат изведени од стакло кое рефлектира ултравиолетова светлина.

птиц
Многу групи кои се борат за зачувување на екосиетмот, како National Audubon Society, се залагаат за смалување на расветата на зградите за време на миграционите бранови за да се олесни патот на птиците низ градовите во тој период.
За да им се помогне на птиците во Кина осмилиле засолниште за птици во кое тие можат да се одморат и размножуваат во тек на миграцијата. Преку оваа рута проаѓаат 50 милиони птици кои патуваат од Арктичкиот круг до Австралија и Нов Зеланд.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top