Насловна / Арт и дизајн / Денес ќе се отвори „Рудиќ Галерија“

Денес ќе се отвори „Рудиќ Галерија“

Денес во 20 часот свечено ќе се отвори „Рудиќ Галерија“ како изложбено место за фотографија и визуелни медиуми. Галеријата има за цел да организира и презентира изложби/проекти на реномирани автори и промовира нови таленти и нивно патување во запознавање на визуелната култура. Покрај ова, галеријата ќе биде место каде љубителите на уметноста ќе можат да ги купат нивните дела, како и место за дружење и разговори за фотографијата.
Галеријата е сместена на булеварот „АВНОЈ“ во Општина Аеродром во Скопје.

рудик
Галеријата ќе се отвори со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуси „Appearing – Disappearing” и „EXIT”.
Боро Рудиќ е еден од најпознатите македонски фотографи, автор е на 20-тина самостојни и учесник на повеќе од 250 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на повеќе од 60 награди. Тој е носител на највисокото фотографско звање, Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top