Насловна / Архитектура / Облакодер со водопад од 108 метри

Облакодер со водопад од 108 метри

Облакодерот во Гуеџанг во Кина, го привлече вниманието на јавноста благодарение на водата која тече низ неговата фасада. Liebian зградата висока 121 метар ја карактеризира спектакуларен водопад висок 108 метри и е еден од највисоките вештачки водопади на светот, и највисокиот кој е сместен во урбана средина. Планирано е да биде нова туристичка атракција за централниот деловен кварт на градот и засега е факт дека го добива вниманието на медиумите, но исто така е предмет на многу полемики.  Кога водопадот првпат бил вклучен , некои од локалните жители се жалеле и ги повикувале медиумите за да пријават катастрофално течење на вода. Други пак,  изразиле загриженост поради огромните трошоци за вода кои изнесуваат 118 американски долари на час.  Меѓутоа, сопствениците на објектот велат дека не се планира водопадот да биде постојано активен туку само во одредени прилики.

waterfall2

waterfall3

Испрати коментар

Scroll To Top