Насловна / Архитектура / Облакодер на најскапата локација во светот

Облакодер на најскапата локација во светот

Најскапото градилиште во светот, според медиумите, се наоѓа на улицата Мареј Роуд во Хонг Конг, и токму таму се планира да се изгради облакодер. Станува збор за кружен стаклен облакодер од 36 спрата во форма на пупка од цвет баухинија, кој треба да го замени катниот паркинг. Проектот го направи студиото ЗХА.

oblakoder

Оваа зграда ќе се карактеризира со стаклена фасада изработена од низа закривени сегменти кои се издигнуваат на два дела на отворени балкони исполнети со дрвја. Веднаш под повисокиот балкон, кој се наоѓа некаде на околу две третини од висината на облакодерот, ќе има градина во која ќе има патека за трчање. Банкет салата со поглед на градот ќе биде затворена и ќе се наоѓа на врвот на облакодерот.

Облакодерот ќе биде во форма на пупка од баухинија, цвет што се наоѓа на знамето на Хонг Конг. Патем, овој цвет е познат како хонгконгшко дрво орхидеја и прво е одгледувано во ботаничките градини во градот над локалитетот Мареј Роуд.

oblakoder1

Главната конструкција на облакодерот ќе биде подигната над земјата, додека просторот под зградата ќе биде поврзан со градската мрежа на пешачки патеки и тоа преку низа дворови и градини. Овие отворени простори се влеваат во заедничките простории во внатрешноста, а закривените стаклени фасади ја подобруваат оваа врска меѓу внатрешноста на зградата и околните градини и градот пошироко.

Облакодерот, со високо-затегнувачка челична конструкција, е дизајниран да постигне LEED Платинест сертификат за одржливост и највисок ранг со три ѕвездички во Кинеската програма за проценка на зелените згради. Зградата ќе биде покриена со четирислојни двојно ламинирани и двојно криви изолациони стаклени панели, додека сите подови ќе бидат природно проветрени.

oblakoder2

Кога ќе се реализира овој проект „2 Murray Road“, тој ќе стане втор проект на Zaha Hadid Architects во градот, покрај облакодерот висок 78 метри „Jockey Club Innovation Tower“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top