Насловна / Вести / „Обединет Балкан за Чист Воздух“

„Обединет Балкан за Чист Воздух“

Започнува на балканската кампања за чист воздух наречена „Обединет Балкан за Чист Воздух”, во соработка со еко организации од сите балкански земји, со цел подигнување на свеста за последиците од загадениот воздух.

бк1_resize

НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ЖИВЕЕМЕ ВО ОТРОВЕН ОБЛАК

Земјите од Западен Балкан имаат најлош квалитет на воздух во Европа, поради што ние, претставувајќи ја кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, ги повикуваме надлежните државни институции и граѓаните во регионот, да спречат до 13.500 предвремени смртни случаи секоја година. Повеќето од овие случаи се препишуваат на изложеност на ПМ честички, кои главно се произведуваат од термоелектрани на јаглен на Западен Балкан.

Граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Северна Македонија се подеднакво изложени на загадувањето на воздухот. Дел од овие честички во воздухот произлегуваат од постројки за греење што користат фосилни горива, фабрики и застарената технологија за загревање на домаќинствата. Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ја

потенцираат регионалната соработка како неопходност за трансформација на енергетскиот сектор и системот за заштита на животната средина, со што ќе се подобрат и економијата и јавното здравје.

ПМ честичките се поврзани со бројни болести, почнувајќи од оние кои влијаат на срцето и респираторниот систем, до дијабетес, неплодност и рак. Колку е помала честичката, толку полесно и подлабоко може да навлезе во телото. Владините буџети не ги отсликуваат огромните трошоци за лекување на последиците од загадувањето на воздухот и изгубените години на живот кај граѓаните, а продолжуваат финансиски да поддржуваат проекти во секторот за јаглен. Освен тоа, опасните супстанции и соединенија што се пренесуваат преку воздухот ги зајакнуваат климатските промени, со поплави, суши и болести, што се појавуваат како последица.

Во студијата објавена од HEAL, Sandbag, CAN Europe, CEE Bankwatch и Europe Beyond Coal, се наведува дека во 2016 година, 16 термоелектрани на јаглен на Западен Балкан, чијшто број останува ист до денес, испуштиле повеќе сулфур диоксид (SO2) од сите 250 вакви постројки што
работат во Европската унија заедно. Додека термоцентралите во ЕУ се предмет на масовно затворање, Србија и Босна и Херцеговина остануваат посветени на своите планови за отворање нови.

bk2_resize

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top