Насловна / Архитектура / Oak Ridges, Richmond Hill во Онтарио – успешна симбиоза на објектот и околната природа

Oak Ridges, Richmond Hill во Онтарио – успешна симбиоза на објектот и околната природа

Fasada 2

Рекреативниот центар Oak Ridges е лоциран во зелениот појас на градот Richmond Hill во Онтарио, и претставува центар во кој жителите на тој регион ќе можат да се рекреираат со различни содржини. Во овој центар можат да се најдат многу содржини како базен, сала за гимнастика, фитнес центар, простории за релаксирање, еко центар и простории за различни намени. Основната архитектонска идеја на овој објект е да претставува праг помеѓу ридот што се издигнува над градот и првите објекти што се наоѓаат веднаш во неговото подножје. Дрвото како избор за главен материјал, како конструктивен така и во ентериерот, придонесува за успешна симбиоза на објектот и целосниот амбиент на околната природа.ONTARIO WOOD WORKS! - Ontario Wood WORKS! Award Winners

Инспирацијата и целосниот дизајн на рекреативниот центар Oak Ridges може да се најде во најблиската природна околина и панорамските погледи на езерото Wilcox, кое се наоѓа во непосредна близина. Архитектонскиот тим на Perkins+Will од Торонто, најмногу инспирација влечел од нивните лични искуства од детството при престојување во мали дрвени куќарки. Овие колективни мемории на архитектонскиот тим и рустикалниот амбиент во околината станале примарни насоки во проектирањето на конструктивниот дел на објектот, изборот на материјали и светлината и боите во енетериерот. Примарниот облик на објектот го зацртаа дрвените конструкции, камените ѕидови и дрвените панели. Овие проектантски елементи оформуваат архитектонска основа која извира од топографијата на локацијата.

Enterier 2

Објектот се интегрира во околниот пејзаж преку линеарната поставеност на серија балконски отвори, кои се протегаат во насока од север кон југ, од главниот влез кон бреговите на езерото. Балконските површини се обложени со бродски под изработен од јавор, на кои посетителите можат да седат и да уживаат во прекрасните погледи на езерото Wilcox.

При самиот влез во објектот веднаш се забележуваат големите ламелирани носачи, кои од ентериерот излегуваат преку фасадата во ентериерниот дел во вид на настрешница, под која исто така се наоѓа бродски под од јавор, формирајќи една целина помеѓу внатрешноста и надворешноста. Еден од најспецифичните детали на овој објект е големиот дрвен док, којшто се наоѓа под зелен покрив, а кој е исто така изработен од дрвена конструкција. Подот е изработен од истиот јаворов бродски под. Овој док се претвори во едно од главните места во целиот објект каде се извршуваат многу функции, од зборно место за започнување на прошетки во природата до сцена каде се изведуваат најразлични програмски точки.Binder1.pdf

Дрвото игра значителна улога во добивањето на сребрена LEED (Leadership in Energy and Environmental Design) награда за зелена и одржлива архитектура. Значителни напори биле вложени во заштита на ресурсите, енергијата и екологијата, како во изградбата на објектот, така и во неговото функционирање и искористување. Дрвото е избрано како главен конструктивен и декоративен материјал не само заради неговите естетски и механички квалитети, туку и заради неговата обновлива природа и секако заради неговата застапеност во локалната средина.Binder1.pdf

Дрвото е избрано како главен конструктивен материјал и заради тоа што има очигледни предности во конструктивна и архитектонска смисла на објектот формирајќи една целина со околината. Во таа насока, дрвото има централно место во целокупниот концепт на објектот, и овој концепт бил на прво место кога се решавале сите детали и се согледувале сите предизвици во текот на градењето, каде дрвото дава одредена слобода за проектирање и изведување. За пример може да се истакне кровниот дел и неговиот внатрешен и надворешен дел. Fasada 1

Може да се забележи дека внатрешниот дел од кровот продолжува во надворешниот дел и со тоа не предизвикува особени проблеми, како формирање на термални мостови што можат да се увидат со користење на други материјали. Ова создава поедноставен начин за да се поврзе надворешниот и внатрешниот дел, формирајќи цврста врска на објектот со неговата природна околина.Model Fasada plan 1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top