Насловна / Архитектура / Ново соседство на заеднички живот

Ново соседство на заеднички живот

Проектот за групни куќи со двор се наоѓа во селото Maxiang, автономната област Dongxiang, провинцијата Gansu во Кина. Регионот е познат како антички пат на свилата и првото место на цветањето на кајсијата. Секоја пролет кога цветаат кајсиите, во ова мало село се одржува фестивал на цвеќињата кајсии, што ги привлекува туристите од целата земја.

3_resize

Maxiang е мултиетничко и мултирелигиозно село кое се наоѓа на раскрсницата на регионот Хан и Тибет. Во селото има џамија, храм на тибетанскиот будизам и храмови на таоизмот. Затоа, тесните отворени простори во селото се заземени од разни активности и фестивали во однос на туризмот, религијата и фолклорот. Социјалниот простор во селото Maxiang има сложеност и разновидност како во градовите. Како да се натераат луѓето подобро да живеат заедно, било почетна точка на проектот за колективно домување на кинеското архитектонско биро CU Office. Архитектите барале форма која ја штити разновидноста на нивното приватно царство и исто така е во состојба да постигне активна комуникација и заеднички живот во јавната сфера. Оваа форма ја нарекле ново соседство на заедничкиот живот.

2_resize 4_resize

Најниската надморска висина на селото Maxiang,  преоѓа 1.700 метари. Локацијата е на висорамнина со многу малку врнежливи денови, а се состои од две парцели со слична големина и блиско поврзани. Проектот е поделен на два дела, северен и јужен за да се олесни сопственоста над земјиштето. Парцелата не е веднаш до селските населби, но е блиску до нив. Покрај имотните права, една од главните причини за одбирање на локацијата е што се наоѓа меѓу две главни станбени населби и е мошне блиску до новоизградениот културен центар Dongxiang.

10_resize

Се очекува дека заедно со центарот за култура ќе придонесе за формирање на нов начин на живот на село. Ова воедно е и примена на предходната проектантска стратегија за ревитализација на селото. Како нов објект за домување, објектите се сместени вон двете населби во селото, помеѓу нив, со цел да се намали влијанието на животот во селото, но ја покажува и насоката на идниот урбан развој на Maxiang.

5_resize

Традиционалните станбени згради во селото се еднокатни со рамен кров и дворови, а повеќето станбени згради се составени од повеќе дворови со слични димензии. На овој начин се формираат повеќе дворови на големите семејства. Архитектонската форма на новиот објект за домување се потпира токму на овие локални архитектонски традиции. Секоја зграда се состои од четири независни дворови, така во двата дела се изградени вкупно осум двора. За разлика од локалните традиционални дворови, структурата на секоја група планирана е како двостепена дворна структура со заеднички двор.

11_resize

Преку главниот влез, луѓето можат прво да влезат во заедничкиот двор, а потоа да влезат во нивните мали дворови. Целта на ова е одвојување на приватниот простор за живеење на ексклузивниот мал двор од заедничкиот простор за живеење на големиот двор, така што се формира органска форма и начин на живот помеѓу заедничкиот двор и малиот приватен двор.

14_resize

Ова е и предвидување на трендот на намалување на семејствата, со што големите фамилијарни дворови постапно ќе бидат заменети со мали фамилијарни станбени единици, а дворовите намалени. Ова претставува нова форма на колективно домување, која е прилагодена на интензивниот развој на руралните подрачја во Кина. Целта на овој проект е да се изнајде начин на враќање кон природата и едноставноста, но и постигнување висококвалитетен и модерен начин на живот за локланото население.

1_resize

7_resize 8_resize 9_resize 6_resize 13_resize 15_resize 12_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top