Насловна / Архитектура / Ново кое го почитува старото: Реконструкција на чешки замок од 14. век

Ново кое го почитува старото: Реконструкција на чешки замок од 14. век

Позициониран на рид, високо над долината на реката Морава на југоистокот на Чешка, замокот Хелфштин од 14. век претставува значајно културно наследство на оваа земја. За жал, во 2014. година, замокот морал да биде затворен поради сериозна опасност по безбедноста на посетителите, бидејќи ѕидовите се рушеле. Меѓутоа, тоа било прилика да се преземе темелна реконструкција на овој вреден историски споменик од периодот на ренесансата.

2_resize

Едно од примарните барања на властите во регионот Оломоуц било реновирањето на замокот да вклучи и изградба на нов кров. Сепак, Институтот за национално наследство инсистирал на зачувување на градбата во трошна состојба, така што изградба на покривот била дозволена само делумно и можел да се постави висински само до нивото на ободните ѕидови.

5_resize

Ренесанса на ренесансниот замок

Архитектонското биро „Atelier-r“, која го потпишува проектот, реконструкција на замокот ја започнала со пкористење на дрон кој забележал илјадници фотографии, благодарение на кои било можно да се спроведе 3Д мапирање на постојните sидови, како и планирани модификации.

Архитектите за ArchDaily истакнуваат дека сакале да направат повеќе од она што било проектна задача за реконструкцијата. Имено, тие настојувале да го дополнат изгледот на историската градба со елементи на модерна архитектура, кои ќе придонесат за практичната употреба на замокот, како и за дополнителна естетска привлечност.

10_resize 7_resize

Со цел посетителите подобро да се запознаат со овој историски објект, архитектите вметнале нови патеки за пешачење кои го поврзуваат приземјето со претходно недостапните повисоки нивоа на зградата. Дополнителните современи елементи јасно се препознатливи и може да се видат, а применети се три вида материјали, односно по еден за секое ниво. Така, кровот е изведен во комбинација стакло со челични греди, скалите и мостовите се направени од кортен челик, додека патеките на приземјето се направени од полиран бетон.

Стаклен кров

Рамен стаклен покрив е вметнат помеѓу старите ѕидови на замокот, ослонет на челични греди, така што овозможува чист поглед кон небото, што било примарна идеја при изборот на материјалот за покривот.

6_resize 9_resize

Архитектите се определиле за пескарено стакло од повеќе причини. Една од основните причини е затоа што е лесно за одржување, но исто така и погодно за ширење на природна светлина во внатрешноста. Единствениот дел од замокот кој е покриен со целосно транспарентно стакло е просторот на капелата, бидејќи во овој дел стаклениот покрив го симболизира небото.

1_resize

Пасарели од кортен

Нивото на некогашниот кров сега стана нова рута за разгледување. За пешачките мостови било клучно да се избере материјал кој е безвременски, па затоа кортенот бил идеален избор. Кортен е специјална легура на железо која подлегнува на корозија, но „созрева“ на таков начин што совршено се вклопува со патинираните стари историски sидови. Интересно е што замокот Хелфштин е познат по својата традиција на правење железо, па затоа беше сосема логично да се избере овој материјал кој со текот на времето изгледа подобро.

3_resize

Бетонски патеки

Во приземјето изведена е мрежа од патеки и простори за собирање од префабрикувани бетонски плочи. Просторот помеѓу полираните бетонски елементи и старите sидови на ниво на земјата е покриен со чакал.

11_resize

Минато и иднина

„Нашиот концепт е заснован на почитување на историската градба и тежи со големи напори да се зачува автентичниот карактер на замокот. Замокот доби атрактивна рута за разгледување, која им овозможува на посетителите да дознаат повеќе за историјата на зградата и да уживаат во живописниот поглед од пасарелата на горното ниво на замокот, кое некогаш беше кров. Современата архитектура овдека не се натпреварува со историската зграда тука, туку создава кохезивна целина во која сите елементи, и стари и нови, одат рака под рака “, велат архитектите од „ Atelier-r“.

14_resize 4_resize 8_resize 12_resize 13_resize 15_resize 16_resize 17_resize 18_resize 19_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top