Насловна / Вести / Новиот автопат Миладиновци – Штип конечно ќе биде пуштен во употреба

Новиот автопат Миладиновци – Штип конечно ќе биде пуштен во употреба

По пет години од стартот на градежните активности на автопатската делница кон истокот, проектот Миладиновци-Штип конечно е готов и деновиве официјално ќе се пушти во употреба.
„Она што требаше да се сработи со кинеската компанија „Синохидро“ е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со Синохидро. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава“, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

штип1
Изградбата на автопатот почна во февруари 2014 година, со инвестиција во износ од 206 милиони евра, обезбедени од кредит од кинеската ЕКСИМ банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Според најавата од надлежните институции, автопатската делница во должина од 47 километри ќе биде ставен во функција со времен режим на деловите каде се планира изградба на две патарини кои допрва ќе се градат.

штип

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top