Насловна / Архитектура / Нови фасадни панели кои заслужуваат внимание

Нови фасадни панели кои заслужуваат внимание

Од гранит преку полиестердо цементни фасадни плочи – овие материјали доминираат во новите објекти.

Новите технологии и методи за производство на градежни материјали доведоа до избор на производи, но исто така и до целосно нови фасадни облоги кои се структурно поквалитетни и на тој начин многу поедноставно е да се инсталираат од оние старите.

Има шест нови иновативни фасадни панели на кои мора да се посвети внимание.

1. Marmi Maximum Imperial White (Fiandre, Италија)

Овие елегантни гранитни плочи за вентилирани фасади изгледаат како мермер, но тие се многу полесни, отпорни на дамки и отпорни на абење.

fasada1

2. GRP SIDING (Technowood, Романија)

Направени се од полиестер и појачани со стаклени влакна, овој систем на панели е дизајниран да издржи тежина на тешки и сложени конструкции. На пазарот може да се најде во повеќе варијанти кои вклучуваат шест природни дрвени тонови и седум бои за лакирање.

fasada2

3. StoVentec Glass (Sto Corp, САД)

Комбинацијата од стакло и композитни плочи овде е многу ефективно изведена, а освен тоа декоративната улога овозможува е додатна изолација. Sto Ventec панелите се прават по нарачка, во различни величини, облици и прилагодени бои.

fasada3

4. Vintago (Swisspearl, Швајцарија)

Овие влакнасто-цементни фасадни плочи намерно изгледаат рапаво и ги карактеризира груба гранулација поради што се се попопуларни во изведбата на модерни објекти во индустриски стил.

fasada4

5. Porcelain Open-Joint Cladding Solutions (Porcelanosa Fasades, САД)

Фасадниот системна компанијата Porcelanosa вклучува широк дијапазон на бои и текстура, вклучувајќи дрво, бетон, камен и метал. Системот спречува собирање на влага и пренос на топлина преку шуплините за природна вентилација што се наоѓаат веднаш над надворешниот слој на фасадата.

fasada5

6. Apollo II (Certain Teed, Франција)

Црните Аполо II плочи создаваат енергија без комплицирана инфраструктура која обично е поврзана со соларни панели. Овој еколошки ефикасен систем се инсталира директно на покривот и може да се користи како за нови, така и за постоечки објекти, но не и на постоечките покриви.

fasada6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top