Насловна / Вести / Нови цветни садници во Општина Кисела Вода

Нови цветни садници во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода почна со работни активности за садење на цвеќиња во парковите на своето подрачје. Со овие активности во повeќе месни и урбани заедници заседени се околу илјада цветни садници.

IMG-0838554bbe3024122be1150c25e9a1f6-V_resize

Цветни садници од типот Колеус, Петунија и Импатија се насадени на тревните површини и жандинери во Пинтија, Црниче, 11 Октомври, Цветан Димов, населба и село Драчево. Покрај ова, цвеќиња се садеа и во основните училишта и градинки во Кисела Вода.

IMG-f4084027a6e5c813fa6019f8da7a6cbb-V_resize

Акцијата ќе продолжи да се одвива со засадување на нови илјада цветни садници.

Цветните садници се донација од Градот Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

IMG-7ce68b97e6de3c04d54a94221ff91e39-V_resize

IMG-598dcea7a2da388312d34f53f95d2d49-V_resize

IMG-ce0e75f45e95edcf5a33b7d0261e621c-V_resize

Испрати коментар

Scroll To Top