Насловна / Вести / Нова кампања за подигање на јавната свест „Центар не е паркинг!“

Нова кампања за подигање на јавната свест „Центар не е паркинг!“

Градоначалникот на Општина Центар и директорот на ЈП ПОЦ вчера ги презентираа плановите за паркинзите во општинта се со цел да донесат бенефит на нејзините жители и градот воопшто.

сас
ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе воведе мрежен систем за автоматска наплата за отворените и затворените паркиралишта со цел да се зголеми контролата и безбедноста. Овој мрежен систем вклучува АНПР камери (камери за автоматско препознавање на регистарски таблички), сензори и мобилни АНПР камери кои ќе овозможат точна идентификација на возилата и ефикасна контрола и управување со пристапот од сите влезови на паркиралиштата. Овој проект значи врзување на цела мрежа од камери со што буквално ќе го имаме Центар на дланка. За жал, поради законските нормативи, ЈП ПОЦ нема да може да чува снимки од камерите.

сас1
Проектот „Паркирај совесно!“ ќе продолжи со реализација и оваа година и ќе ги едуцира најмладите идни возачи за правилно и прописно паркирање.
ЈП ПОЦ и Општина Центар започнуваат со нова кампања за подигање на јавната свест „Центар не е паркинг!“ која преку емотивни видеа ќе апелира до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства со што ќе придонесат многу во решавање на проблемот со паркирањето во општина Центар, намалување на загадувањето на животната средина и овозможување на хумано живеење во центарот на градот.

сас2
ЈП ПОЦ има и нов ценовник , на паркиралиштата на ПОЦ ќе се плаќа 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната. Ова покачување има за цел да им се овозможи похумано живеење на жителите на општината, со тоа што би се намалил бројот на паркирани возила во централното градско подрачје. Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти.

Испрати коментар

Scroll To Top