Насловна / Вести / Нов тунел за бродови во Норвешка

Нов тунел за бродови во Норвешка

Многу амбициозен проект за изградба на тунел во Норвешка доби зелено светло и треба да почне со реализација следната година. Тоа е тунел за бродови „Stad Ship“ кој ќе го премине целиот полуостров и со тоа ќе овозможи да се заобиколи најопасната рута за превоз во Норвешка. Ќе биде висок 50 метри, широк 36 метри и долг 1,7 километри.

tunel

Се очекува да бидат отстранети три милијарди кубни метри камен, кои ќе бидат однесени со брод. Инженерите со техниката за хоризонтално дупчење и со помош на експлозив најпрво ќе го отстранат горниот дел, за „таванот“, а потоа ќе преминат на вертикално дупчење во комбинација со минирање со експлозивот за долниот дел. Влезот и излезот од тунелот ќе бидат делумно блокирани за тоа време, така што внатрешноста останува сува додека траат работите. По завршувањето на овие работи, овие делови ќе бидат минирани и отворени кога ќе дојде време да ги наполнат со вода. Архитектонската фирма Snøhetta ќе биде задолжена за проектот за влез и за излез.

tunel1

Се предвидува дека во овој тунел дневно во просек ќе поминуваат околу 19 бродови. Сообраќајот ќе се одвива во една насока и ќе се менува на секој час. Сè уште не е познато кои тежини и димензии ќе бидат бродовите што ќе можат да поминат низ овој тунел, но секако не станува збор за помали туристички бродови, туку за товарни и поголеми патнички бродови.

Завршувањето се очекува до 2026 година. Буџетот во моментов е утврден на приближно 330 милиони долари без даноци.

tunel2

Испрати коментар

Scroll To Top