Насловна / Архитектура / Нов архитектонски факултет во Данска со суров изглед

Нов архитектонски факултет во Данска со суров изглед

Архитектурата на новиот факултет во данскиот град Архус е сурова, речиси потсетува на индустриска зграда, но само на прв поглед. Софистицираните детали и силната просторна организација намерно комуницираат на таков начин што архитектурата на зградата е ставена во втор план, што овозможува активностите на студентите да дојдат до израз, велат архитектите од данското биро ADEPT кои го потпишуваат овој проект.

Danska

Архитектонскиот факултет во Архус е замислен внатре и надвор како лабораторија за учење и истражување архитектура. Зградата е подигната на поранешна ранжирна станица и е опкружена со траги од индустриската историја кои го формираат суровиот автентичен идентитет на локацијата.

Danska1

Зградата се карактеризира со изложени материјали и инсталации, како и индустриски детали. Дизајнот на зградата е прилагоден на запуштената околина, а нејзин најблизок сосед е Институтот за Х – алтернативна комуна за стартапи.

Danska2

„Дизајнот на зградата овозможува поврзување на внатрешните и надворешните простори, не само со буквална транспарентност, туку и со прашањето што е училиште, а што градски простор. Ова значи дека и околната урбана средина и наставни активности ќе ја обликуваат зградата во иднина. Тоа е зграда која е дизајнирана никогаш да не биде доволно сама по себе. Целосна е само со своите станари“, – вели Мартин Крог, партнер во бирото на ADEPT.

Danska3

Намерна едноставност на дизајнот е одговор на потребите на факултетот за функционални и робусни простори. Зградата им овозможува на предавачите да експериментираат со нови и модерни начини на архитектонско образование, а во исто време обезбедува силен просторен идентитет што одговара на амбицијата да се направи ова да биде дом на еден од најдобрите архитектонски факултети во Европа, велат архитектите.

Danska4

Како што зградата овозможува активностите во него да станат видливи за јавноста, така и просторната организација и транспарентноста на ентериерот ги прават студиските активности не само видливи, туку и ги покануваат студентите да се придружат.

“За разлика од досегашната практика, ова е архитектура која поттикнува заедништво и синергија меѓу студентите“, велат архитектите.

Danska5

Зградата е изградена со акцент на локалните материјали произведени локално за да се минимизира превозот. Бетонот е сведен на минимум, а употребата на рециклиран материјал е максимизирана.

Подовите се направени од рециклирано дрво добиено од остатоците од индустриското производство на дрвени прозорци, додека големата библиотека е направена од полици од блиската стара зграда.

На крајот, зградата е дизајнирана да троши 50 отсто помалку енергија од другите слични објекти.

Danska6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top