Насловна / Вести / Норвешка вложува една милијарда долари во велосипедски коридори

Норвешка вложува една милијарда долари во велосипедски коридори

Velosipedska pateka Norveska

Норвешка издвои 923 милиони долари за десет двонасочни велосипедски коридори кои на велосипедистите ќе им овозможат безбедно да патуваат помеѓу девет норвешки градови, а притоа ќе ги поврзат со метро станици и железница. Веројатно, секој од нас ќе се посомнева во исплатливоста на оваа инвестиција, додека одговорот лежи во фактот што ова е само дел од големиот Норвешки транзитен план, кој е направен со цел да се намали загадувањето предизвикано од сообраќајот.

Semafor za velosipedi

До 2030 година, 75% од автобусите и 50% од камионите во Норвешка ќе имаат ниска емисија на штетни гасови, додека 40% од бродовите и траектите за кратки релации (кои имаат многу голем удел во сообраќајот во Норвешка) ќе бидат или ниско-емисиони или ќе работат на биогориво.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top