Насловна / Архитектура / Истражувачки проект на ФАД – УАКС и oпштина Дојран

Истражувачки проект на ФАД – УАКС и oпштина Дојран

Соработката помеѓу Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ – Скопје и општините во Македонија е повеќегодишна практика на ФАД, вклучена во образовниот процес на додипломски и постдипломски студии.

amerikan koledz dojran_5

 

Преку дефинирање, истражување-анализа и реализација на проекти, во зависност од годината на студии и предметната област, студентите длабоко навлегуваат во реалните потреби и потенцијали на градот и oпштината. Финалниот производ се проекти кои се презентираат и подаруваат на oпштината, како визии за иден општествен и економски развој на градот во контекст на современите одржливи принципи на урбаниот развој на макро и микро план.amerikan koledz dojran_6

Посетата на општина Дојран на студентите од школската 2015/2016 година е реализирана на почетокот на есенскиот семестар. Преку презентација на урбанистички планови и план за развој на Дојран од стручно лице од страна на oпштината, теренско запознавање и снимање на предментите локации, програмата на развој презентирана од страна на градоначалникот на Дојран, утврдени се методи и цели за заедничка соработка помеѓу ФАД и општина Дојран. Истражувањата и очекуваните резултати се водат преку следните проекти:

Есенски семестар 2015/2016  -  ФАД при УАКС

*студенти од третиот семестар изработија идејни проекти на:

1. Станбена низа, едносемејно домување во Дојран / предмет: Арх. проектирање 3

amerikan koledz dojran_1

*студенти од петтиот семестар изработија идејни проекти на:

1. Уредување на дел од кејот во Стар Дојран / предмет: Дизајн на урбана опрема

2. Хотел во Дојран (на две локации) / предмет: Арх. проектирање 5

amerikan koledz dojran_3

*студенти од седми семестар (мастер студии) изработија идејни проекти на:

1. Основно училиште Стар Дојран / Арх. проектирање 1 / Образование и здравство

2. Градска библиотека и мултифункционален културен центар / Студио архитектонско проектирање 1

3. Туристички информативен центар Дојран / Студио внатрешна архитектура 1

4. Туристички информативен центар Дојран / Студио внатрешна архитектура 3

amerikan koledz dojran_4

*студенти од деветти семестар (мастер студии) работат на:

1. Спортска сала за 1.000 гледачи Стар Дојран / Арх. проектирање 3 / Спортски објекти

 

Пролетен семестар 2015/2016  -  ФАД при УАКС

*студенти од четврти семестар работат на:

1. Современо-традиционално домување, повеќесемејно домување во Дојран / Арх. проектирање

 

*студенти од шестиот семестар работат на:

2. Градинка со дом за луѓе од трето доба, колективно домување во Дојран / предмет: Арх. проектирање 6

3. Општинска зграда Дојран (нов објект на место на постоечкиот) / предмет: Проектирање на јавни згради

4. Ентериерна реконструкција и адаптација на хотелско одморалиште за потребите на градоначалникот и службите на општина Дојран / предмет: Ентериер 2

*студенти од осми семестар (мастер студии) работат на:

1. Младински културен центар Дојран / предмет: Арх. проектирање 2 – Објекти од култура

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top