Насловна / Вести / Nestle отвори нов Институт за одржливи решенија на амбалажата

Nestle отвори нов Институт за одржливи решенија на амбалажата

Започна со работа новоформираниот Институт на компанијата Nestle, чија задача е да истражува и да воведе на пазарот функционални, сигурни и еколошки решенија за амбалажата, а со крајна цел да се придонесе кон решавање на глобалниот проблем со пластичниот отпад. Се работи за прв институт од ваков вид во прехрамбената индустрија. Визијата на компанијата е ниту еден вид нејзина амбалажа да не заврши на депонија за отпад.

nestle2

Покрај амбалажите за повеќекратна употреба, Институтот за амбалажа и пакување ќе пружи низа научни и технолошки решенија, како нови материјали на база на хартија, но и биоразградлива и компостабилна амбалажа. Воедно, Nestle е една од првите компании која го има потпишано новиот глобален договор за обврската за економско решавање на пластиката, кој поставува конкретни цели во елиминирање на пластичниот амбалажен отпад и намалување на целокупното загадување. Компанијата дополнително се обврзала дека ќе работи на достигнување на нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина, до 2050 година. Една третина од фабриките на Nestle веќе користат 100% обновлива електрична енергија.

nestle1

nestle3

Испрати коментар

Scroll To Top