Насловна / Вести / Напуштениот Китсoлт – град на духови, најчист на светот (видео)

Напуштениот Китсoлт – град на духови, најчист на светот (видео)

Недалеку од границата помеѓу Канада и Алјаска се наоѓа Китсoлт – град на духови. Во 1979. година го основале рудари и набрзо бил преплавен од доселеници, но потоа сите го напуштиле. Денес е најчист нашуштен град на светот.

8_resize

4_resize

Градот е формиран покрај рудник за молибден во прекрасна природа и токму кога рударите помислиле дека си ја нашле среќата во оваа планинска лепотица, цената на молибденот почнала да паѓа, па така сите жители, околу 1.200, го напштиле градот.

А биле изградени повеќе од стотина семејни куќи, модерна болница, трговски центар, банки, пошта, базен, библиотека, два центра за рекреација со сауни и театар.

1_resize

Кабловска телевизија и телефонски линии биле поставени под земја. Градот имал најсовремена постројка за пречистување на вода и најчиста вода за пиење.

7_resize

Рудникот е затворен од економски причини, а последната фамилија го напуштила градот во 1982. година, бидејќи експлоатацијата на рудата молибден веќе не била исплатлива.

3_resize

Поради економската криза Китсолт станува град на духови, градот е напуштен, но не и запуштен. Уличните светилки и понатаму работат, тревниците се уредени, а тревата искосена.

2_resize

Денес градот му припаѓа на американскиот бизнисмен  Кришнан Садантиран, кој во 2005. година го купил за седум милиони долари. Вложил повеќе од 25 милиони долари за одржување на градот, каде планира да експлоатира природен гас. Целта му е да го претвори Китсолт во центар на индустрија на природен гас на Британска Колумбија.

5_resize

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top