Насловна / Вести / Најодржливите компании на светот

Најодржливите компании на светот

Corporate Knights е медиумска, истражувачка, и финансиска компанија со визија заа глобалното општество во кое цените на производите го одразуваат нивното општествено, економско и еколошко влијание во кое сите актери се свесни за последиците за пазарот од нивните избори. Корпоративните витези од канада себеси се опишуваат како гласноговорници на чистиот капитализам. Еден од начините на кој придонесуваат за реализавија на своите идеали е рангирањето на светските корпорации со годишни приходи поголеми од 1 милијарда, според клучните категории на одржливоста меѓу кои се и јаглеродниот отпечаток, родовата рамноправност, редовност на плаќањето на даноците, генерирањето на отпад и имплементација на иновациите. Својата листа за 2020 година ја објавија на Светскиот економски форум во Давос. „Ајде да создадеме свет кој се напојува со зелена енергија!“ не звучи како слоган кој би одговарал за компанија чиј некогашен акроним е  Dong (Danish Oil and Natural Gas). Сепак, оваа компанија во 2017 година има направено огромна трансформација и за 1,05 милијарди УСД го продал својот удел во бизнисот со фосилни горива. Овој пресврт резултираше и во промена на името, па сега компанијата работи под името Ørsted во чест на данскиот физичар и хемичар Ханс Кристијан Ерстед. Најголемиот дански производител на енергија наместо на јаглен, сега заработува на ветер, а проектите ги развива и вон националните граници. За една деценија компанијата ги намалила емисиите за 80%. За пет години ветуваат целосна јаглеродна неутралност. И компанијата која е на второ место е исто така од Данска. Се работи за  Chr. Hansen која својата одржливост ја базира на „добрите“ бактерии. Покрај храната, компаниските стручњаци со помош на биотехнологија развиваат и решенија за фармацевти и земјоделци. Клиентите ги снабдуваат со култури, пробиотици, ензими и природни бои. Речиси половина од одржливите компании се лоцирани во Европа, а по бројот на претставници следуваат Северна Америка (29) и Азија (18). Остатокот од листата можете да го погледате ОВДЕ

dong1

dong2

dong3

dong4

Испрати коментар

Scroll To Top