Насловна / Вести / Ноќен воз како алтернатива на патувањето со авион

Ноќен воз како алтернатива на патувањето со авион

Минатиот понеделник по прв пат ноќниот воз ги превезе патниците од Виена до Брисел. Оваа нова линија, со која може да се патува веќе за 19 евра, е алтернатива за патувањето со авион, бидејќи емисиите од жечелезничкиот сообраќај се значително пониски (40kg) во споредба со 410kg колку што по патник би емитувало патувањето со авион на истата линија. Се повеќе европски земји го разгледуваат ширењето на своите железнички понуди поради патниците загрижени за проблемот со климатските промени и загдувањето на воздухот. Ноќните линии на возови во Европа со години се во опаѓање поради нискобуџетните авио компании. Трендот изгледа почнал да се менува, а европски првак е австрискиот ÖBB, кој сам или во партнерство оперира со 27 ноќни линии, а покренувањето на нова линија за Амстердам се планира за скоро време. Патниците добро реагираат на понудата бидејќи патувањето е пријатно и има носталгичен призвук. Од Виена на пример може ноќе да се патува во Берлин, Хамбург, Рим и Варшава. Интересни ноќни линии со воз се и Малме -Берлин, Москва – Санкт Петерсбург, Париз – Венеција, Будимпешта – Сплит, Софија – Истанбул и други.

nightjet1

nightjet2

nightjet3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top