Насловна / Арт и дизајн / Најголемата фонтана во светот подготвена за отворање

Најголемата фонтана во светот подготвена за отворање

Познатиот вештачки архипелаг во форма на палма во Дубаи, поточно најголемиот остров во него, ќе ја добие најголемата фонтана во светот. Планот е оваа фонтана да биде пуштена во употреба на 22 овој месец и со своите млазници  кои достигнуваат висина од 105 метри да се сруши постојниот гинисов рекорд.

fontana

Фонтаната ќе се наоѓа на островот Палм Џумеира, кој е познат и како остров на вили и облакодери, во центарот на Поинте. Поинте ги собира најдобрите ресторани, кафулиња, малопродажни објекти, спортски сали и салони за убавина, односно објекти за релаксација и забава и зафаќа површина од 130 илјади квадратни метри. Покрај бројните елементи за забава, овој центар ќе добие и нова атракција – фонтана, која ќе стане ново обележје на овој остров. Фонтаната ќе биде поставена на две лебдечки платформи кои покриваат 14 илјади квадратни метри морска вода. Во рамките на фонтаната ќе бидат поставени три илјади LED светилки, чија улога ќе дојде до израз за време на изведбата на „перформанси“, што ќе траат по три минути и ќе ги има 20 пати на ден, помеѓу 19 часот и полноќ.

fontana2

Оваа нова атракција е уште еден додаток на серијата што дефинитивно ќе го зголеми бројот на посетители и ќе привлече уште повеќе туристи во Дубаи.

 

Испрати коментар

Scroll To Top