Насловна / Вести / Најголем инфраструктурен проект во Европа

Најголем инфраструктурен проект во Европа

Изградбата на најдолгиот подморски железнички тунел на светот, кој ќе ги поврзува финската и естонската престолнина, ќе чини 15 милијарди евра. Кинеската компанија Touchstone Capital Partners ќе ја финансира целокупната инвестиција. Планираниот тунел помеѓу Хелсинки и Талин, ќе се протега на над 100 километри, и подразбира изградба на барем еден вештачки остров, што го прави еден од најголемите инфраструктурни проекти во Европа.

Владите на Финска и Естонија изјавиле дека ќе работат на обезбедување средства од Европската унија за изградбата на тунелот, што би можело да го намали износот на приватното финансирње. Меѓутоа, иако изградбата на тунелот уште не е започната, билетите за возењето со овој воз се пуштени во продажба уште во декември минатата година. Така, билет во еден правец чини 50 евра, додека годишните билети се продаваат по цена од 1.000 евра. Според проценките, изградбата би требало да почне во 2024 година.

talin1

talin2

talin3

talin4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top