Насловна / Вести / Најдолгиот стаклен мост во светот затворен по само 13 дена

Најдолгиот стаклен мост во светот затворен по само 13 дена

Кинескиот мост Zhangjiajie кој со своите 300 метри височина и 430 метри должина сруши неколку светски рекорди, за жал е затворен поради „огромниот наплив на посетители“.

Импресивниот стаклен мост отворен е во Кина со голема помпа на 20 август. Меѓутоа, затворен е само после 13 дена! Преку него веќе не може да се преминува и прашање е дали некогаш и ќе биде можно.grand-canyon-glass-bridge

Како што изјавиле надлежните за CNN, тие се „преплавени од страна на туристите“. Во еден момент на мостот може да се најдат 800 луѓе, што значи дека дневниот капацитет е од околу 8.000 луѓе. Меѓутоа, според изјавите на надлежните, околу 80.000 луѓе сакаат да го преминуваат стаклениот мост секој ден.

Според соопштението, владата го затвори мостот, заради „итно подобрување и реконструкција“.

На прашањето дали стаклото има пукнатини, одговорот е дека не постојат„никакви проблеми“, ниту пак „какви било незгоди“.

Испрати коментар

Scroll To Top