Насловна / Вести / Франција забрани употреба на пластични чаши и чинии

Франција забрани употреба на пластични чаши и чинии

Франција стана прва земја во светот која ја забрани употребата на пластични чаши и чинии, објавија француските медиуми, додавајќи дека целосната забрана ќе стапи во сила од 2020 година.

Со законот со кој се забранува употреба на чаши и чинии од пластика, на компаниите им се остава рок од четири години да се приспособат на оваа одредба.plasticni-casi

Со новите законски решенија во иднина приборот за јадење во Франција ќе треба да биде изработен од материјал од биолошко потекло, кој побрзо се распаѓа.

Франција веќе ја забрани употребата на пластични кеси, мерка која е воведена и во други земји во светот.

Испрати коментар

Scroll To Top