Насловна / Архитектура / Наградени три идејни решенија за нова зграда на Општина Аеродром

Наградени три идејни решенија за нова зграда на Општина Аеродром

Избрани се првите три наградени идејни решенија на конкурсот управна (општинска) зграда на Општина Аеродром.

Комисијата, составена од претседателот проф. д-р Страхиња Трпески, членовите Дејан Чадиќ и Зоран Пауноски, ги избраа првите три идејни решенија од вкупно 22, што пристигнаа на објавениот конкурс.

Idejni resenija2

Првата награда  е доделена на идејното решение под шифра НЗМОА на авторите Нина Карангелеска-Тодоровска, Марта Илиевска, Марија Треневска и Марија Грчева. Второрангирано е решението под шифра ОТГ изработено од Друштвото за архитектонски дејности и услуги ОПШТО ТЕХНИЧКО ПРОЕКТИРАЊЕ ДОО ОХРИД, а третата награда ја освои конкурсното решение под шифра ДОПИР на проф. д-р Минас Бакалчев, проф. д-р Митко Хаџи – Пуља, проф. д-р Саша Тасиќ, проф. д-р Димитар Папастеревски, асс. м-р Александар Петановски, м-р Горан Петров и ст. арх. Сара Алаѓозовска.

Idejni resenija3

Овие три наградени решенија ќе добијат парични награди во висина од 300 000 денари за прво место, 100 000 денари за второ место и 50 000 денари за трето место.

„Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Тоа е од исклучително значење затоа што со нејзината изградба веќе нема да се плаќа висок месечен наем, а исто така и аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Зградата ќе биде нова препознатлива точка отворена за сите и ќе претставува нов дом на сите аеродромци“, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Idejni resenija4

Тој додаде дека новата зграда има цел да ги зближи аеродромци, преку отвореност, комуникација и динамична атмосфера со која се создава чувство на заедништво.

Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top