Насловна / Вести / На место на срушениот мост во Џенова никнува нов по замисла на Ренцо Пијано

На место на срушениот мост во Џенова никнува нов по замисла на Ренцо Пијано

Италјанскиот град уште не се опорави од големата трагедија, кога ова лето, сред силно невреме се сруши дел од мостот на автопатот А10. Но изгледно е дека работите на неговата обнова ќе почнат набрзо.

1
По трагедијата, славниот архитект Ренцо Пијано, се понудил доброволно да го проектира новиот мост во својот роден град. Пред нас се рендерите од финалниот дизајн кој се стигнати директно од неговата работилница.

2
„Тоа ќе биде прекрасен пост“, изјавил Пијано. „Мост каков и доликува на Џенова. Едноставен, но не и тривијален. Мост од челик, безбеден, долготраен, бидејќи мостовите не смеат да се рушат“.
Новиот челичен мост преку реката Полчевера ќе биде долг 1100 метри. Проектот на изградбата на новиот мост властите ќе ги чини преку 202 милиони евра, а работите ќе ги изведуваат три градежни комппании Salini Impregilo, Fincantieri и Italferr. Соработниците за потребите на мостот основале нова фирма, PERGENOVA, Ренцо Пијано и неговото биро ќе ја надгледуваат реализацијата на проектот.

3

Ponte Morandi, ин мемориам

Да потсетиме, до рушење на мостот во Џенова дојде на 13. август во сред силно невреме, кога секција на мостот се сруши на пругата која поминува под него и со себе однесе 43 жртви. Во моментот на рушењето на мостот сообраќаа бројни автомобили и камиони. Ponte Morandi кој ја поврзува италијанската ривиера со Азурната обала изграден е во 1968. година, беше реконструиран пред две лета.

4
Во моментов италијанските власти водат истрага против 20 лица за кои се сомнева дека се одговорни за оваа трагедија, односно за состојбата на мостот пред трагедијата. За жал, Ponte Morandi е петти по ред мост во Италија кој се срушил во последната деценија.

5

6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top