Насловна / Вести / Можете да го превземете конкурсот за локацијата на фабриката Треска

Можете да го превземете конкурсот за локацијата на фабриката Треска

Идејата за уредување на локацијата на фабрика „Треска“  по пат на конкурс беше иницирана по предлогот на Граѓанската иницијатива со барање за распишување на Архитектонско урбанистички конкурс, а доставен до Општина Центар на 17.01.2020 година од предлагачот Даница Павловска, дипл.инж.арх., и поддржан од повеќе професори, архитекти, членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти, како и граѓанските здруженија „Здравје пред профит во Центар“, „О2 коалиција“ и „Транспарентност Македонија“.

тр2_resize

Спроведувањето на конкурс за оваа локација е во согласност со заложбите на Општина Центар за унапредување на урбанистичкото планирање и водење сметка за јавниот интерес.

Конкурс за изработка на идејно решение за локацијата на фабриката Треска (блок 6 во важечка планска документација Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, плански период 2011-2016, со површина 30.69 ха, можете да го превземете тука.

Конкурсот е јавен и анонимен, право на учество имаат сите заинтересирани (физички и/или правни лица) со обврска минимум еден од тимот да е носител на овластување за изработување на урбанистички планови.

тр_resize

Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 01.09.2021 година во 10.00 часот.

Комисија која брои 9 члена ќе ги оценува поднесените проекти врз основа на критериумите за оценување наведени во расписот на конкурсот.

Награди:

прва награда од  260.000,00 денари

втора награда од  150.000,00 денари

трета награда од  100.000,00 денари

три откупи по 30.000,00 денари

Наградите истовремено претставуваат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост.

тр1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top