Отворен кон крајот на минатата година, со доаѓањето на летото и туристите, пешачкиот мост во Трогир станал главна атракција поради својот облик и дупка. А дополнителна одлика и потврда за неговата популарност му дава престижната награда што неодамна ја доби.

Станува збор за новиот мост со „дупка“ преку каналот Фоша, што е невозможно да не се забележи бидејќи се наоѓа во центарот на Трогир. Мостот што го поврзува стариот градски центар со пазар и паркинг официјално е отворен кон крајот на минатата година. А сега неговата убавина и посебност доаѓаат до израз. За ова многу придонесува и наградата од професијата што мостот неодамна ја доби.

Мостот позади кој стои архитектонското студио „Просторне тактике“ со седиште во Сплит на NCE Bridges Conference and Awards што ја организира британското списание New Civil Engineer прогласен е за најдобар проект за мост на годината.

Жирито, составено од светот на градежништвото и архитектурата, во овој пешачки мост ја препозна не само неговата иновативна конструкција, туку и неговата архитектонска вредност и естетика, како и неговата интеграција во амбиентот на градот со богата историја.

Мостот на Фоша е избран меѓу 127 пријавени во 17 категории и награден поради својот чувствителен дизајн во рамките на светското наследство на УНЕСКО (Трогир е град под заштита) – промислена рамнотежа помеѓу историјата, уметноста и инженерството.

Мостот на Фоша, чија изградба чинела еден милион евра, е долг 30 метри и широк 10 метри. Висината на мостот од четири метри им овозможува на помалите бродови да поминуваат под него без пречки.

Покрај кружниот отвор, или празнина сред конструкцијата, мостот е посебен и поради неговиот наклон од 10 отсто, кој морал да постои поради специфичната природа на просторот, како и вградените седишта имрежи за седење. Ова го направило мостот и место за одмор и уживање во погледот на каналот, морето и визурите на градот.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија