Насловна / Арт и дизајн / Moon Light – светилка за добар сон

Moon Light – светилка за добар сон

Нежната, преклопна столна ламба – Moon Light, нежно ја осветлува секоја просторија во која се наоѓа со светло во две бои и потсетува на сјајот на Месечината. Светилката е функционална и одлично дизајнирана; преклопена, светилката може да асоцира на слики на Месечината која е веднаш над дрвото. Зборувајќи за практичноста и умешноста на столната ламба, светилката ја разубавува секоја соба со благ, но осветлувачки сјај.

1_resize

Стациониран во Hangzhou, Кина, дизајнерот Wenjie Zheng ја осмислил светилката која е привлечна и со едноставен изглед. Но Moon Light нуди многу повеќе. Во суштина е составена од три главни дела: два долги линеарни и тороидален прстен. Кога внимателно ќе се погледне, се гледа дека линарниот дел е ослонет на прстенот на ламбата, неговата фокусна точка. Линеарнаиот дел функционира како примарен извор на светлина и може да ротира до максимум 145 степени од центарот на ламбата. Дизајнот на светилката дава приоритет на осветлување со оптичка призма, што значи дека стаклото е сечено на таков начин што природно ја рефлектира и витка светлината.

3_resize 2_resize

Главната привлечност на Moon Light е тороидалниот прстен кој претставува месечев сателит и централен дел на дизајнот. Прстенестото светло нуди помошно светлина, слична на онаа што ја нуди Месечината, која е идеална за помалите деца да ја користат како ноќно светло. Помошното и оптичкото осветлување на призмата јасно го подобрува овој дизајн бидејќи неговата цел не е да обезбеди силна светлина, слична на она што доаѓа од Сонцето, туку наместо тоа да го репродуцира спокојниот сјај на Месечината. Најдобро од сè е што оваа ноќна светлина носи спокојството потребно за одмарање на мозокот и добар сон.

4_resize 5_resize 6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top