Насловна / Арт и дизајн / Чудесна куќа во која живеела Фрида Кало

Чудесна куќа во која живеела Фрида Кало

Фрида Кало и децении по нејзината смрт не престанува да интригира. Обожователите ги освоила со своите генијални слики, со комплицираната животна приказна и со уникатниот поглед на светот. За неа се снимени голем број филмови, напишани книги и поставени безброј изложби.

Една таква изложба неодамна се одржа во лондонскиот Victoria and Albert Museum, под наслов Frida Kahlo: Making Herself Up. фрида кало (6)

Меѓу другото, посетителите можеле да го видат нејзиниот рекреативен животен простор каде што таа живеела со нејзиниот сопруг и уметник Диего Ривера од 1929 до 1954 година. Оригиналниот објект носел наслов „Сина куќа“ (името е добиено според мноштвото сини ѕидови), а денес е трансформиран во музеј. Се наоѓа во делот на Мексико Сити наречен Coyoacán и изгледа точно онака како што можеме и да го замислиме домот на оваа исклучителна уметница. Ентериерот е полн со светли бои, како што се жолта и зелена, како и со интересни детали, како што се скелетите над креветот или рачно обоените саксии.фрида кало (8) фрида кало (7) фрида кало (5) фрида кало (4) фрида кало (3) фрида кало (2) фрида кало (1)

Испрати коментар

Scroll To Top